Search

(Видео) 13-годишно момче киднапирано од другарите, го врзале со ланци и го уценувале

13-годишно момче од Стара Пазова, Република Србија било киднапирано од другари, кои знаеле дека е од богато семејство и го уценувале. Како што пишуваат медиумите момчето исчезнало во саботата. Петар М. (13) од Стара Пазова е пронајден во неделата вечерта. Според неофицијални информации, момчето било киднапирано, а зад неговото киднапирање стојат неговите пријатели кои го уценувале, пишува Блиц. Момчето било вратено кај неговите родители и имало полесни повреди на лицето и телото, бидејќи билo врзуванo со ланци.

Откако момчето беше пронајдено, тоа беше пречекано и од српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

Пријателите наводно го киднапирале Петар затоа што знаеле дека е од богато семејство. Петар последен пат комуницирал со својот брат, кој го молел да дојде на одредена локација, по што неговите родители добиле повик во кој слушнале како  нивниот син велел: „Тргнете ми го превезот од очите“.

Токму оваа реченица, според родителите, покажува дека нивниот син бил киднапиран. Сепак, тие изјавуваат дека никој не побарал од нив да платат пари за да се ослободи детето. Полицијата во понеделникот соопшти дека ги уапсила Л.Ј. (19), М.Ј. (54) и А.М. (19). Сите се од Стара Пазова, додека ќе поднесат кривична пријава против 17-годишен малолетник.

Треба да знаете
Последни објави