Search

ВИДЕО: „Му впериле пиштол во слепоочници“ – се огласи таткото на Петар кој беше киднапиран во Стара Пазова

Видно вонзмеирен таткото на 13-годишниот Петар Митровиќ, Горан од Стара Пазова им се заблагодарил денеска на сите кои помогнале неговиот киднапиран син да биде пронајден и открил детали од киндапирањето.

Тој додал дека цело време бил во полиција и бил вклучен во истргата, односно дека момчето било пронајдено синоќа дестина минути пред полноќ.

„Драган Ковачевиќ и Небојша Стефановиќ го преземаа момчето благодарение на специјалните единици кои го извлекле од тие простории на крајбрежјето на Дунав“, рекол таткото.

Горан рекол дека единствен мотив за киднапирањето може да биде паричен интерес.

„Мене лично тие ми се сограѓани, не ги познавам и никогаш не сум ги запознал“, рекол Митровиќ.

На прашањето колку пари киднаперите барале, тој одговорил дека до изнуда не ни дошло, затоа што бројот на единици  веднаш биле вклучени во потрагата,

„Фала му на Бога детето е добро, здраво, ментално е јако. Тој е мал, има 13 години, но на нив тројца им се спротиставил на улица. Го прегледаа денеска, здрав е, се е во ред“, рекол Горан.

Тој негирал дека им должен на семејството киднапери, односно дека тоа не е причина за киднапирањето.

Опишал и како течело киднапирањето.

„Таа вечер кога го киднапирале, тргнале кон игралиштетот за деца со вештачка трева, кое го нарекуваме Пазиќ. Се боиделе да го добијат постариот син, да го намамат. Со пораките кои му ги пратиле тој се посомневал. Се обидел да му се јави на помалиот брат, но не успеал да го добие, или не му давале да се јави. Цело време му бил вперен пиштол во слепоочница, навлечена му биле маска на лицето и му кажувале што да прави и како да се однесува“, рекол Горан.

24 часа траела потрагата по малиот Петар во Стара Пазова, кој бил киндапиран од четири лица и однесен во напуштена викендичка.

 

 

Треба да знаете
Последни објави