Search

Британскиот парламент ќе одлучува за распишуваање на вонредни избори

Британскиот парламент денеска треба да се изјасни за предлогот на премиерот Борис Џонсон за распишување на вонредни избори.Во пресрет на гласањето, според анкетата на „Опиниум“, Конзервативната партија на Џонсон има предност од 16 бодови пред опозициската Лабуристичка партија.

Од претходната анкета спроведена пред осум дена поддршката за ториевците се зголеми за три бода, на 40 проценти, додека лабуристите останаа на 24 проценти.Проевропската Либерално-демократска партија падна за еден процент на 15 проценти, додека партијата Брегзит на Најџел Фараж на 10 проценти.

Џонсон, кого членовите на партијата го избраа во јули за да го деблокира застојотоколу брегзит, предложи одржување на избори на 12 декември, откако парламентот не го поддржа договорот за Брегзит кој го постигна со Брисел.

Пратениците денеска ќе гласаат за тоа дали ќе има предвремени избори, но повеќето опозициски партии посочија дека ќе се воздржат или гласаат против овој потег, што значи дека Џонсон веројатно нема да добие поддршка од две третини од пратениците кои му се потребни.Редовните избори во Британија треба да се одржат во 2022 година.

Две британски опозициски партии, Шкотската национална партија и Либералните демократи побараа изборите да се одржат на 9 декември, три дена порано од предлогот на премиерот Борис Џонсон

Треба да знаете
Последни објави