Search

Брат и сестра исчезнаа во невреме на Мајорка

Шпанските власти трагаат по двајца унгарски туристи кои во невреме исчезнале на островот Мајорка. Според шпанските медиуми, хотелот потврдил дека исчезнале брат и сестра, 18-годишно момче и 30-годишна жена, а веста се тоа е објавена два дена откако сведоци пријавиле дека две лица паднале во морето кога биле поклопени од огромен бран.

Во потрагата се вклучени патролни чамци на крајбрежната стража, нуркачи, хеликоптери од полицијата и доброволци, но досега е неуспешно. Шефот на унгарскиот конзулат во Барселона е во постојан контакт со локалната полиција и со семејството на унгарските туристи.

Балеарските острови и Барселона во средата беа погодени од силно невреме со дожд, во кое две лица ги изгубиле животите, а шестмина се водат за исчезнати.

Треба да знаете
Последни објави