Search

Армани Милано ќе го повлече бројот 11 во чест на Дино Менегин

На 19 ноември, пред натпреварот од кошаркарската Евролига меѓу Армани Милано и Макаби Тел Авив, ќе се одржи церемонија на која ќе биде повлечен дресот на италијанскиот клуб со бројот 11.

Дресот на Милано со бројот 11, во минатото го носеше еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, Дино Менегин, па клубот одлучи во негова чест повеќе никој да не ја носи славната 11-ка на грбот.

Менегин е роден во 1950 година, а во Милано дојде кога наполни 30 години, откако претходно со успех настапуваше за Варезе. За 11 години, освои пет титули во Италија и две во Купот на европските шампиони. Менегин во 1970 беше прв Италијанец драфтуван во НБА, има медали и од Олимписки игри и европски првенства.

Треба да знаете
Последни објави