Search

Хамилтон победи во Мексико, но за да ја верификува шестата титула ќе почека уште една недела

Актуелниот шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон е победник на трката за Големата награда на Мексико. За Хамилтон ова е 83. победа во кариерата, а 100. јубилејно појавување на подиумот откако вози за тимот на Мерцедес. Хамилтон до овој триумф стигна токму со одличната стратегија на неговиот тим Мерцедес. Британецот стартуваше од вториот ред, а пред себе ги имаше болидите на големиот ривал, Ферари.

Себастијан Фетел од Ферари заврши на втората позиција, додека Валтери Ботас од Мерцедес се пласираше на третото место. Ваквиот редослед на крајот од трката не му ја обезбеди новата шеста шампионска титула на Хамилтон. За одбраната на шампионската титулата на Хамилтон во оваа трка му беше потребно неговиот клупски колоега да биде послабо пласиран од четвртата позиција, што не се случи.

Минатата година, Хамилтон стана шампион токму по трка во Мексико. Следната прилика да ја одбрани шампионската титула Хамилтон ќе ја има по седум дена за кога е закажана трката за Големата награда на САД во Остин.

Треба да знаете
Последни објави