Search

Пингпонгарите на Младост Прилеп есенски шампиони во Супер лигата

Со натпреварите од шестото и седмото коло од двете најсилни лиги, Супер лигата и Првата лига денес во Прилеп заврши есенскиот дел од Државното првенство во пинг понг. Неприкосновен лидер на табелата е Младост од Прилеп кој со максимален учинок, шест победи од шест натпревари ќе презими на првото место на суперлигашката табела.

Во екипата на Младост, Дејан Оцоколиќ и Ѓоко Јочкоски се непоразени, единствените два порази во екипата на Младост одат на контото на Александар Штаргоски.

Најпријатното изненадување во првиот дел од сезоната е младиот играч на Шампион Фа од Штип, Дамјан Стојчев кој има само еден пораз во лигата, додека неговата екипа заврши на второто место зад Младост.

Разочарување на полусезоната е екипата на Вардар, актуелен државен шампион на Македонија, која е убедливо на последното место.

Резултати 6.коло:
Радовиш – Работнички 0:4
Младост 96 – Младост 1:4
Шампион ФА – Вардар 4:0.
Слободен Телеком Нец.

Резултати 7.коло:
Вардар – Телеком НЕЦ 1:4
Младост – Шампион ФА 4:1
Работнички – Младост 96 0:4.
Слободен Радовиш.

Табела: Младост 12 бода, Шампион ФА 11, Младост 96 10, Работнички 9, Телеком НЕЦ 8, Радовиш 7, Вардар 6.

Во првата лига супериорни беа играчите на екипата на Телеком НЕЦ 2 кои со максимален учинок ја оправдаа улогата на фаворит и се најсериозен кандидат за освојување на првото место и пласман во Супер лигата.

Треба да знаете
Последни објави