Search

Со протест пред Владата се закануваат и ракометните и кошаркарските екипи кои останале без ваучер

Клубови од второлигашката кошаркарска конкуренција и ракометните прволигаши соопштија дека остануваат на својата одлука да продолжат да ги бојкотираат настапите од лигашкиот дел од сезонава поради процедурата за добивање на ваучерите кои ги вети државата. Тие велат дека нема да се појават во салите и да ги играат своите натпревари се додека проблемот не биде решен.

-Ракометните и кошаркарските клубови од понизок ранг на натпреаврување го продолжужваат својот бојкот во сениорските и младинските конкуренции поради недобиените ваучери од страна на АСМ. На 3 ноември (недела) во 12 часот своите натпревари ќе ги продолжат пред владата во форма на мирен протест под мотото „Политиката надвор од спортот“. На протестот ќе земат учество членовите и играчите на сите ракометни и кошаркарски клубови кои не добија ваучер од целата држава. Воедно ги повикуваме сите поддржувачи и љубители на спортот, клубови од највисокиот ранг на натпреварување и претставници на ракометната и кошаркарската федерација да ја дадат својата поддршка со активно учество на протестот – се вели во соопштението на клубовите.

 

 

Треба да знаете
Последни објави