Search

Илјадници Либанци во човечки синџир како поддршка на протестите

Илјадници либански граѓани денеска формираа човечки синџир на автопатишта и крајбрежните патишта што го поврзуваат Бејрут со другите градови во земјата во знак на поддршка на антивладините протести. Демонстрантите се држеа за раце од главниот мост што го поврзува Бејрут со северот и југот на земјата, а во план е на тој начин  формираат жив синџир долг дури 171 километар, колку што е растојанието помеѓу јужниот и северниот брег.

Една од организаторите на протестот, професорката по историја Џули Тего Баоу Насиф, рече дека во акцијата ќе им се помогнат и мотоциклисти, со цел да се отстранат евентуалните одложувања во формирањето на ланецот.

– Целта на овој човечки синџир е да прикаже слика на Либан, отфрлајќи секаква секташка припадност од југ кон север. Денеска немаме политички барања, ние само сакаме да испратиме порака со едноставно држење за раце под знамето на Либан

Треба да знаете
Последни објави