Search

Шпанската десница преку митинг повика на цврст став кон каталонските сепаратисти

Илјадници луѓе учествуваа на митингот организиран од шпанската крајнодесничарска партија „Вокс“ во Мадрид.

Лидерот на движењето, Сантијаго Абаскал, пред насобраните демонстранти рече дека само неговата партија може да се справи со кризата во Каталонија.

Со извици „Да живее Шпанија!“ поддржувачите на движењето го претворија еден од централните плоштади во главниот град во црвено-жолто море, веејќи го шпанското национално знаме.

Абаскал ја критикуваше владејачката Социјалистичка партија, фокусирајќи се на проблемот со Каталонија, каде во последните неколку недели имаше раширени протести и судири по изречените затворски казни за лидерите на каталонските сепаратисти

Треба да знаете
Последни објави