Search

Царовска: Реформата на социјалната и детската заштита е со долгорочни ефекти

Министерката за труд и социјала Мила Царовска вечерва во „Топ тема“ на Телма ТВ зборуваше за реформите на системот за социјална и детска заштита. Реформата, предвидуваше надградба на социјалната парична помош, односно воведување на минимален гарантиран приход.

-Сите фактори учествуваа во реформата. За две недели се имплементираа новите права. Се донесоа законите за кои многумина не веруваа дека ќе се донесат. Овој процес не одеше лесно, но даде поинаква слика за социјалната заштита во државата. – рече министерката за труд и социјала Мила Царовска.

Од држава која дава трошка на сиромашните до држава која инвестира во сиромашните, пред се во сиромашните деца за еднакви права. Поставени се нови стандарди во заштита на граѓаните. Светска Банка која ретко силно застанува зад високи суми, овој пат застана позади моите и одлуките на тогашнит министер за финансии Тевдовски со цел доволно пари за да реформата успее. – рече Царовска

Мислам дека многу одговорно и посветено ги правевме анализите и имавме меѓународни консултатни за канализација на паричните давања на држава. Ефектите на оваа реформа се долгорочни. – заклучува министерката.

Треба да знаете
Последни објави