Search

Русите објавија снимка од префрлањето на С-400 и панцир-С во Србија (ВИДЕО)

Руската телевизија Звезда објави снимка од доаѓањето на оружените системи С-400 и панцир-С во Србија, каде ќе учествуваат во вежбата „Словенски штит 2019“.

Системите биле доставени со голем руски транспортен авион антонов Ан-124 „руслан“ на руските воздухопловно-вселенски сили.

Во соопштението на руското министерство за одбрана се наведува дека, во рамки на заедничката вежба, системите С-400 и панцир-С ќе бидат доставени на територијата на Србија, на аеродромот во Батајница.

„За време на вежбата, руските и српските противвоздушни единици заеднички ќе извршат задачи на извидување, следење, класификација и уништување на цел спректар мети во вoздух“, се наведува во соопштението.

Претходно министерството за одбрана на Србија соопшти дека заедничката тактичка вежба на ракетните едници на противвоздушната одбрана на српската војска и воздухопловно-вселенските сили на Руската Федерација „Словенски штит 2019“ се одржува на територијата на Србија и дека во неа ќе учествуваат руски и српски системи.

Системот С-400 „триумф“ е противавионски и противракетен систем кој првпат влезе во оперативна употреба во оружените сили на Руската Федерација во 2007 година.

Овој систем користи четири ракети на својата лансирна рампа односно четири ракети со различен дострел. Може да детектира стелт-летала на далечина од околу 150 километри. Неговиот радар овозможува следење и набљудување на далечина од дури 570 километри.

Треба да знаете
Последни објави