Search

Гореа гуми кај Јурумлери

По јавувања на граѓани во Инспекторатот на град Скопје, инспекторите денеска реагираа на посочена локација од граѓани во месноста Јурумлери во правец на Долно Лисиче каде што затекнати се запалени камионски гуми.

Повикано е веднаш противпожарно возило и МВР.

Огнот е изгаснат.

Локалното население посочува дека најголем проблем прават диво населените без документи за идентификација, од кои поголемиот број се Роми бегалци уште од времето на бегалската криза на Косово.

Треба да знаете
Последни објави