Search

Ники Минаж се омажи за сексуален престапник

Американската раперка Ники Минаж (36) со последната објава на социјалните мрежи потврди дека се омажила за своето контроверзно момче и продуцент Кенет Пети (41). Уште минатото лето можеше да се претпостави дека двојката тајно се венчала бидејќи Минаж го променила своето презиме на профилот, а сега таа го потврдила тоа со видео на кое се прикажани натписите „невеста“ и „младоженец“.

https://www.instagram.com/p/B357b7xHN_0/

Ники веќе извесно време со своите објави им кажува на фановите колку е среќна со Пети, иако речиси никој не ја поддржува нивната врска поради мрачното минато на Кенет.

Неговата криминална историја вклучува затворска казна поради обид за силување на 16-годишна девојка и убиство без предумисла, а Пети е на слобода од 2013 година.

Минаж неодамна откри колку е заљубена во поранешниот затвореник, со тоа што најави дека се повлекува од сцената за да се посвети на основање семејство. Сепак, таа се предомисли малку подоцна најавувајќи дует со Адел, но и официјално му кажа „да“ на својот проблематичен партнер.

Треба да знаете
Последни објави