Search

Ганц доби мандат за формирање нова израелска влада

Израелскиот претседател Рувен Ривлин денеска му додели мандат на лидерот на партијата Бело – Сино, Бени Ганц да формира коалициска влада, откако досегашниот премиер Бенјамин Нетанјаху не успеа.

Генц, поранешен армиски командант има рок од 28 дена да формира Влада, а ако не успее во тоа, тогаш во Израел најверојатно ќе се одржат нови парламентарни избори, трети од април.

Нетанјаху претходно изјави дека се откажува од напорите да формира нова влада, откако не успеа да обезбеди мнозинство во Парламентот по септемвриските избори.

Лидерот на партијата Ликуд истакна дека му го враќа мандатот на претседателот Ривлин, откако се обиде „да воспостави влада на широко единство”.

– Последните неколку недели се обидував да го седнам Ганц на преговарачка маса, да формирам влада на широко единство и да избегнам нови избори, нагласи Нетанјаху.

На изборите одржани минатиот месец, Ликуд на Нетанјаху освои 32 места во Парламентот, а партијата Бело – Сино на Ганц 33, од вкупно 120 пратенички мандата.

Треба да знаете
Последни објави