Search

Нетанјаху го врати мандатот по неуспехот да формира влада

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го извести претседателот Рувен Ривлин дека му го враќа мандатот бидејќи не успеал да формира влада. Ривлин му довери мандат на Нетанјаху да формира влада по парламентарните избори на 17 септември.

„Кога го добив мандатот, работев неуморно да формирам широка влада со национално единство. Тоа го сака народот“, порача Нетанјаху преку видеоснимка на „Фејсбук“.

Тој додаде дека напорите да го доведе Ганц на преговарачка маса и да спречи уште едни избори не вродиле со плода зашто лидерот на сојузот на партиите на центарот „Сино бело“ постојано го одбивал тоа.

Претседателот Ривлин соопшти дека планира да го задолжи Ганц, поранешниот началник на Генералштабот, да се обиде да формира владејачка коалиција. На располагање ќе има 28 дена.

Треба да знаете
Последни објави