Search

Солскјер: Голот на Јунајтед прекршок? Па, ова не е кошарка!

Манчестер јунајтед не успеа да се врати на победнички патеки, иако екипата на Оле Гунар Солскјер беше блиску до такво нешто, но Ливерпул во последните минути успеа да освои бод (1-1).

„Црвените ѓаволи“ имаа предност од 1-0 до 85. минута, но Ливерпул потоа успеа да освои бод, а по мечот Јирген Клоп го критикуваше ВАР-системот поради голот на Јунајтед.

Од друга страна, Солшер смета дека немало никаков прекршок во нивната акција.

-Нема шанси, тоа не беше прекршок. Па, не играме кошарка за да се суди таков прекршок. Имаше мал контакт, но не доволен за прекршок. Тоа е сосема јасно и кога ќе се прегледаат снимките јасно се гледа. Мислам дека немаше прекршок и дека судијата Еткинсон беше максимално коректен за овој меч. Заслужува пофалби за арбитражата. Остави дебито да биде вистинско дерби, изјави Солскјер.

Треба да знаете
Последни објави