Во северниот дел на Мексико дојде до жестоки судири меѓу безбедносните сили и членовите на моќниот картел „Синалоа”, откако бил уапсен еден од лидерите на овој нарко картел Овидио Гузман Лопез, син на кралот на дрогата Хоакин „Ел Чапо” Гузман.
Тешко вооружените членови на картелот ги опколиле безбедносните сили и ги присилиле да го ослободат Гузман Лопез, кој во САД е обвинет за трговија со наркотици, пренесоа британските медиуми.
#ULTIMAHORA
Detienen al hijo de El Chapo Guzmán, Iván Archibaldo Guzmán, lo que está ocasionando una fuerte balacera en #Culiacán #Sinaloa en esta ciudad pic.twitter.com/MjqqLsu3sx— LaGaceta.me (@LaGaceta_me) October 17, 2019
Гузман Лопез е пронајден во текот на рутинска контрола во Кулијакан, додава Би-Би-Си.
Министерот за внатрешни работи Алфонсо Дурази објасни дека патролата набрзо ја опколиле бројно поголема група вооружени лица од картелот и дека била донесена одлука силите за безбедност да се повлечат за да се заштитат нивните животи и да се избегне дополнително насилство.
Así las cosas al norte de #Culiacán. Momentos exactos de la balacera captados por el compañero reportero Policiaco, Ernesto Martínez. pic.twitter.com/o53uBLqCWr
— Juan Pablo Pérez-Díaz (@perezdiazmx) October 17, 2019
Гузман Лопез е син на славниот Ел Чапо, кој е осуден на доживотна затворска казна и во САД на дополнителни 30 години затвор заради трговија со дрога и перење пари.