Search

Француските разузнавачи уапсија лице инспирирано од 11 септември

Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанe изјави дека разузнавачката служба уапсила човек кој планирал напади инспириран од нападите врз Светскиот трговски центар во Њујорк на 11 септември 2001 година

„Нашите разузнавачки служби уапсија лице инспирирано од настаните на 11 септември“, изјави синоќа Кастанe за ТВ Франс 2, пренесува „Ројтерс“.

Во Франција повеќе од 230 луѓе загинаа во напади на исламски милитанти во последните четири години, особено во синхронизираните напади во ноември 2015 година во Париз.

Француските власти стравуваат уште од почетокот на турската офанзива во Сирија дека нивните државјани би можеле да избегаат од камповите и затворите што ги контролираат тамошните Курди и да се вратат во земјата.

Тие забележуваат дека ризикот од терористички напади е сè уште голем.

Треба да знаете
Последни објави