Уапсен тетовец со „калашников“

На 17.10.2019 полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.З.(32) од село Копанце, зашто при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени една автоматска пушка, една рамка со 19 куршуми калибар 7,62мм, еден пиштол „Берета“ со една рамка, 162 куршуми калибар 7,62мм и еден куршум калибар 7,65мм.

З.Б. е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот и со соодветен поднесок денеска (18 октомври) ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

 

Треба да знаете
Последни објави