Search

Курдите ја обвинуваат Турција за бомбардирање цивили

Сириските демократски сили предводени од Курдите денес ја обвинија Турција за бомбардирање области населени со цивили кршејќи го договорениот петдневен прекин на огнот.

„И покрај договорот да се стави крај на борбите, турската авијација и артилерија продолжуваат да ги напаѓаат позициите на нашите борци и цивилните населби“, рече портпаролот на сириските демократски сили, Мустафа Бали.

Тој додаде дека турските сили го бомбардирале пограничниот град Рас ал-Аин, пренесува „Ројтерс“.

Британска агенција претходно објави дека се слушаат експлозии од гранати и пукање во областа на градот еден ден откако Турција постигна договор со САД за петдневно запирање на офанзивата за да може силите предводени од Курдите да се повлечат.

Треба да знаете
Последни објави