Search

ЕУ бара од БиХ итно затворање на мигрантскиот камп Вучјак

Делегацијата на Европската унија во Босна и Херцеговина денеска се придружи на барањата на повеќе меѓународни организации за итно затворање на кампот на илегални мигранти на локалитетот вУчјак, кај Бихаќ, и ги повика властите во БиХ сериозно да се соочат со предизвиците кои ги носи мигрантската криза.

„Делагацијата на Европската унија ги повикува сите нивоа на власт итно да се соочат со предизвикот кој за БиХ претставува протокот на мигранти. Сите нивоа на власт мора да ги зајакнат своите напори и да преземат одговорност”, се наведува во соопштението за јавност од Канцеларијата на ЕУ.

Според полициски проценки, во БиХ во моментов престојуваат околу шест илјади илегални мигранти.

Во соопштението од ЕУ се „осудува присилниот трансфер на стотици мигранти во импровизираното засолниште Вучјек, спроведувано од полицијата на Унско-санската жупанија”. „Во нашите разговори со сите релевантни власти јасно кажавме дека засолништето Вучјак мора да биде затворено. Не само што е небезбедно, туку е и недостојна локација. Властите во градот Бихаќ и Унско-Санскиот кантон досега овој проблем го носеа на свој грб. Не смеат да бидат оставени сами”, се посочува во пораката од ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави