Search

(Видео) Дончиќ сакаше да се тепа со дебитант во НБА

Лука Дончиќ беше најефикасен во победата на Далас против Лос Анџелес клиперс од 108:87, но мораше предвреме да го напушти теренот и поради обидот да се тепа со дебитантот Теренс Мен.

Во една акција на Далас, судиите досудија дека Дончиќ направил чекори, а Мен ја удри топката која уште беше во рацете на Словенецот. Тогаш Дончиќ се налути и тргна да се тепа, но ништо покус не остана ниту дебитантот на ЛА клиперс. На крајот Дончиќ беше исклучен.

Треба да знаете
Последни објави