Search

Поради аферата „Дизелгејт“ 470.000 Германци го тужат „Фолксваген“

Поради аферата „Дизелгејт“ 470.000 Германци покренаа тужби против автомобилската компанија „Фолксваген“.

Станува збор за сопственици на возила купени по 1 ноември 2008 година, а користењето на спорниот софтвер за лажно прикажување на емисиите на издувни гасови беше откриено на 1 септември 2015 година.

„Фолксваген“ групацијата досега потроши околу 28 милијарди евра за санација на штетата, односно за плаќање казни, компензации и судски пресуди ширум светот.

Експертите се согласни дека судскиот процес во Германија, поради комплексноста на случајот како и големиот број на тужби, би можел да трае четири години.

Треба да знаете
Последни објави