Search

Тричковски поради повреда ја пропушта Полска

Македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски поради повреда на задната ложа не е во комбинација за настап против Полска.

Нашата најдобра селекција утре од 20:45 часот во Варшава го игра квалификацискиот натпревар против лидерот во групата, репрезентацијата на Полска.

Иван Тричковски, по завршувањето на вчерашниот тренинг се пожали на повреда, а резултатите од лекарските испитувања потврдија дека се работи за истегнување на мускулот на задната ложа.

Поради повреда натпреварот со Полска, а претходно и против Словенија го пропуштаат и Енис Барди и Дарко Велковски.

Треба да знаете
Последни објави