Search

Докузовски: Леле што направивме, кошарката ја симнавме десет скалила подолу !

Најголемиот екипен успех на македонскиот спорт е освојувањето на четвртото место на Европското кошаркарско првенство во Литаванија, во 2011 година. Овие резултати на македонската репрезентација, кои искрено не ги очекуваа ниту најголемите оптимисти пред стартот на еуро-баскетот, остануваат за во историјата, а ликовите кои ја одиграа главната улога полека заминуваат во заборав. Стратегијата за овој успех ја направи селекторот Марин Докузовски, а главните ролји на јавната сцена ги одиграа: Влатко Илиевски, Перо Антиќ, Тодор Гечевски, Бо Лестер Мекејлеб, браќата  Војдан и Дамјан Стојановски, Предраг Самарџиски, Дарко Соколов, Ѓорѓи Чековски … Коцките се наредија, па на крајот големата слика беше тесниот плоштад во Скопје да ги прими сите кои сакаа да ги поздрават јунаците од Литванија.

За овие историски моменти, придобивките од ваквата еуфорија, за сегашната состојба во која се најоѓа „кралицата“ на спортската игра отворено за 24 ИНФО зборува Докузувски, кој сега не е во првите „борбени редови“ во спортските сали.

-Се паѓа во заборав. Тоа е реалност. Ако по тој успех на улица ме препознаваа сите, оние кои следат и не следат спорт, ме запираа, ми честитаа, сакаа да се сликаат, сега е нешто сосема друго. Ретко кој се присетува на тоа, а не да ме препознава. Нормална работа. Не очекувам некој вечно да ти прави метании, ја почнува приказната популарниот „доктор“ и не крие дека од новонастанатата ситуацијата во која е мак-баскетот е разочаран.

Оваа генерација на македонски кошаркари покрај постигантиот резултат ќе се памети и по антологиската изјава – „Леле што направивме“ !?

Од денешна дистанца тоа би звучело „леле што направивме, кошарката ја симнавме десет скалила подолу“ – вели Докузовски.

СТРАТЕГИЈАТА ЗА ЕП ЈА ПРАВЕВ ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ВО ДРЕНОК

Македонскиот стратег открива дека во 2011 година немало ништо специјално за репрезентацијата. Се собрале, се подготвувале и заминале на ЕП без послебни помпи и третмани.

Нема што не е кажано за овој историски успех.Едноставно имавме квалитетен состав. Ќе откријам нешто што досега не сум го кажал, а тоа е дека во периодот од почетокот на 2011 година до стартот на завршните подготвки и настапот на ЕП вкупно денови околу четири месеци, поминав во село Дренок на потегот меѓу Струга и Дебар. Размислував, анализирав и ковав планови сам, 24 часа на ден во планина. Станував и легнував со кошарката. На крајот се погоди хемијата и резултатот неизостана.

Од полуфиналист на ЕП во 2011 година, Македонија за нецела деценија урниса се. Играше претквалификации за да стигне до главните натпревари преку кои може да избори нов настап на завршница од ЕП-2020.

За жал не искористивме ништо од тој добар резултат, иако според едно направено истражување како нација предодредени сме да играме ракомет и кошарка. Ракометарите тоа го користат, а кошаркарите не. Наместо да ја унапредуваме кошаркарската игра, ние ја вративме многу назад. Не направивме како држава ништо да ја искористиме еуфоријата кај младите да играат повеќе кошарка, а за тоа треба да им се понудат услови. Немаме соодветна инфраструктура, стручен кадар… Да се влезе во сала во зимските месеци не може топка да се фати во раце, а не да се шутира. Во такви услови младите се откажуваат, тие што остануваат не можат да напредуваат, па затоа мак-баскетот е таков коков што ни е. Лигата очајна. Реално имаме шест клуба, а сакале лига со 12 кои неможеме да ги измислиме. Затоа лигата не може да почне, екипа се откажуваат в очи на стартот. Тоа е жалната и болна реалност. Треба да се работи. Едно е да се игра, а сосема друго да се менаџираат работите и да се создаваат услови за развој на играта – констатира Докузовски.

НЕ ПРИФАЌА НОВА СЕЛКТОРСКА ПОНУДА

Македонската репрезентација од неодмна е без кормилар. Новото раководство на чело со засега единствениот НБА-македонски играч Перо Антиќ го разреши  селекторот Јорданчо Давитков, кој успеа да ги мине предквалифиакциите.

Таа одлука на новите челници на мак- баскетот не ја оправдувам. Колегата Давитков се нафати кога беше најтешко и кога никој не се зафаќаше со репрезантацијата да ги вади жешките костени. Затоа заслужи да добие шанса докрај да си ја заврши започната работа. За разделба имаше време и многу покоректен начин.

 

Меѓу имињата кои се споменуваат за наследници на Давитков, не се споменува името на Докузовски ?

-И да добијам ваква понуда не би ја прифатил. Имаше некои разговри со новото раковдство да се грижам околу репрезентацијата одстрана, но откако дојдоа новите лица во федерацијата како да го заборавија мојот број.

Како најсериозен кандидат се споменува Октај Махмути, стратег кој потекнува од мак-баскетот, а својот рејтинг си го направи надводор од земјава во Турција.

– Октај ми е голем приајтел и драго ми е што напредува во својата тренерска кариера. Се гледаме редовно кога доаѓа во Скопје. Разговараме, но не знам дали ќе ја прифати понудата. Тоа е исклучиво негова одлука. Ако се одлучи да ја преземе македонската репрезентација, од мене бара да бидам покрај него. Долго време е надвор од земјава и не ги познава најдобро овдешните кошаркарски прилики, а мене ќе ме стави во ситауација како добар пријател да не можам да му кажам не.

ФУНКЦИЈАТА ВО РАБОТНИЧКИ НЕДЕФИНИРАНА

Кога се споменува името на Докузовски, асоцира и на најторфејниот македонски кошаркарски тим Работнички. Трофејниот тренер на „црвено-белите“  е во клубот од Градскиот Парк, но не знае која функција ја има.

-Не сум тренер, не сум советник, директор, координатор… Не знам што сум, но работам во интерес на клубот и сакам да му помогнам во рамките на моите можности и кошаркарско знаење.

И Работнички не е тоа што беше.

-Неуспеавме да направивме тим и финансиска конструкција за да прифатиме учество во регионалната лига, а немаме и содветна сала. Се надеваме дека во иднина на истото место ќе добиеме нов модерен „дом“, а и ќе имаме тим кој ќе прави резултати и ќе ги полни трибините. Нема да играме пред празно гледалиште. Нецелосна е сликата за еден натпревар колку тој да е квалитетен и возбудлив на паркетот, кога се игра без публика.

САД ЌЕ СЕ ВРАТАТ КАКО ОЛИМПИСКИ ШАМПИОНИ

На последното Светско кошаркарско првенство кое пред неполн месец заврши во Кина, изненадувачки шампион беше Шпанија. Фаворитите Србија и САД не стасаа да разигруваат за распределба на медалите.

-За мене изнеандувачки настап има Аргентина и Австарлија. Србија немаше плејмејкер, а фаворитската улога која и ја доделуваа сите пред првенството ги удри в глави, додека САД без нба-ѕвездите беше далеку од дрим-тим. Убеден сум дека САД ќе се вратат на голема врата со титулата олимписки шампион веќе на Игрите идната година во Токио – е коментарот на македонските стратег за штотуку завршениот мундо-баскет.

Драган Николовски

ФОТО: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави