Search

Детска недела во општина Кисела Вода

По повод одбележувањето на Детската недела 2019, денеска во паркот „Шопен” во Кисела Вода се одржа настан со богата културно уметничка програма. Првачињата од општинските основни училишта „Невена Геогриева – Дуња” и „Кирил Пејчиновиќ”, во паркот пред присутните изведоа повеќе музичко-ритмички точки, а читаа и детски песни преку кои испратија пораки до возрасните.

На настанот, во прекрасната изведба на децата уживаше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски. Детската недела со разни активности се одбележа во сите основни училишта во Кисела Вода. Секоја година, во првата полна седмица на октомври Детската недела ја одбележуваат сите земји членки на Обединетите нации.

Треба да знаете
Последни објави