Search

Пријатен есенски сончев ден

Времето во Република Северна Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а  дневната од 15 до 25 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

Во текот на работната седмица ќе преовладува променливо облачно време, во првите два дена посвежо, а потоа со пораст на температурата. Врнежи од дожд се очекуваат во понеделник попладне, претежно во јужните делови од земјава.

Треба да знаете
Последни објави