Search

Мамиќ на секое обвинение од Хрватска одговара со песна од босанските кафеани

Поранешниот извршен директор на хрватскиот фудбалски клуб Динамо Загреб му се измејува на хрватското судство. За секое обвинение кое ќе биде поднесено против него во Хрватска, тој возвраќа со песна, пишуваат хрватските медиуми.

Здравко Мамиќ, бегалецот од хрватското судство, во саботата бил снимен во угостителски објект во Сараево, каде што танцувал на маса и пеел.

Иако е поднесено и трето обвинение против него во Хрватска, поранешниот извршен директор на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ не е загрижен. Тој ужива во сите удобности во, својата втора татковина, како што ја нарекува Босна.

Klix.ba објави видео од Мамиќ како стои на масата, танцува, држи микрофон во рацете и пееше „Никој не ни може ништо“ од Митар Мириќ. Гостите биле воодушевени и расположени.

Треба да знаете
Последни објави