Search

Штетата на шумските пожари во Русија достигна до 294 милиони долари

– Штетата на шумските пожари во Русија оваа година ќе достигне 19 милијарди руби (293,7 милиони американски долари), изјави заменик-директорот на руската Федерална агенција за шуми Михаил Клинов.

– За оваа година штетата се уште не е пресметана. Ако погледнеме, минатата година штетата изнесуваше 19 милијарди рубли. Мислам дека оваа година ќе биде иста, иако пожарите зафатија поголеми области, рече Клинов.

Тој додаде дека пожарите зафатиле претежно тешко достапни области, каде активностите на пожарникарите чинат помалку.

Клинов на 21 август изјави дека штетата од пожарите е седум милијарди рубли (106 милиони американски долари).

Треба да знаете
Последни објави