Search

Над 50 загинати во демонстрациите во Ирак

Бројот на загинати во демонстрациите во Ирак се искачи на 53, соопштија властите. Во Багдад попладнето, на плоштадот Тахрир, кој е централна точка на протестите, беа убиени девет луѓе

Најголеми насилства има во градот Насири. Премиерот Адел Абдул-Махди, повика на смиреност, наведувајќи дека работи на исполнување на легитимните барања на демонстрантите, но сепак додаде дека нема магично решение за проблемите во Ирак.

Во меѓувреме демонстрациите се проширија на уште неколку провинции.

Од почетокот на протестите, полицијата користи и боева муниција за да ги растера демонстрантите. Во демонстрациите во главно учествуваат млади луѓе, кои бараат работни места, функционални јавни служби и сузбивање на корупцијата.

Треба да знаете
Последни објави