Search

Двајца патници во „голф“ повредени во судир со „ленд ровер“

На 03.10.2019 во 08.00 часот на улица Трнодол во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолкваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Ф., и патничко возило „ланд ровер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Р.Ф. од возилото „голф“, а другиот сопатник од истото возило, М.Ф.. се здобил со телесни повреди. Тие биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави