Search

Украден дел од пепелта на Ганди

На 150-годишнината од раѓањето на Махатма Ганди, крадци во Индија украле дел од неговите посмртни останки и уништиле некои негови фотографии, соопшти локалната полиција, а пренесе Би-би-си.

Крадците зеле од пепелта од Ганди од меморијалниот центар во централна Индија, каде таа се чува уште од 1948 година кога тој беше убиен во атентат. Покрај тоа, тие со зелена боја го испишале зборот „предавник“ на неколку негови фотографии.

Некои хиндуистички екстремисти го сметаат Ганди за предавник заради неговото застапување за мир и единство меѓу хиндусите и муслиманите.

Полициската станица во Рива, во сојузната индиска држава Мадја Прадеш, за Би-би-си потврдила дека кражбата се истражува како чин кој е штетен за националната интеграција.

Мангалдип Тивари, управник на меморијалниот центар во Бап Баван, каде се чува пепелта на Ганди, изјави дека станува збор за срамна кражба.

Треба да знаете
Последни објави