Search

„Медена земја” се прикажува во 24 градови низ Македонија

Кинодиструбуцијата на документарецот „Медена земја” (Honeyland) низ Македонија продолжува со нови датуми и градови. Проекциите од минатата недела беа распродадени, а поради големиот интерес беа додадени нови датуми и градови во листата за диструбуција.

Филмот, кој е годинешен македонски кандидат за „Оскар” и е во трка за најдобар документарец на „Европските филмски награди”, се прикажува во 24 градови во државава. На листата, покрај Скопје, се: Кратово, Штип, Крива Паланка, Струга, Куманово, Битола, Охрид, Свети Николе, Делчево, Тетово, Гостивар, Кичево, Македонски Брод, Македонска Каменица, Неготино, Богданци, Прилеп, Кочани, Крушево, Радовиш, Гевгелија, Валандово и Виница.

Треба да знаете
Последни објави