Search

МЗТ Скопје со најсилниот тим за домашната сцена, ќе ја изненадува регионалната лига

Новата сезона за актуелниот македонски кошаркарски првак МЗТ Скопје почнува утре со  натпревар од АБА2-лигата против ОКК Слобода Тузла пред своите гледачи (19 часот). Според директорот на клубот, Тони Грнчаров, МЗТ Скопје има најсилен тим на домашната сцена што го прави фаворит за шампионската титула и трофејот во Купот на Македонија. На регионален план, тимот од Аеродором посакуваат пласман во плејофот и евентуален пласман во елитната лига од регионалното натпреаврување.

-Според играчкиот кадар со кој располагаме можам да кажам дека го имаме најсилниот тим  на домашната сцена. Обврска ни се да ги освоиме двата трофеи. Во регионалното натпреварување ќе ни биде потешко бидејќи има добри екипи, како Сплит, Динамик, Словода Тузла и Рогошка кои имаат сериозни засилувања. Во оваа конкуренција ќе се обидеме да завршиме меѓу четирите најдобри, а потоа и до финалето. Нашиот тим е спој на млади играчи како Маслинко, Магдевски, и Николов и поискусните Симоновски, Дамјан Стојановски, Крстевски… Со добра работа се надевам дека ќе ги оствариме посакуваните резултати – соопшти Тони Грнчаров, директорот на клубот на средбата со новинарите во пресрет на почетокот на сезоната за МЗТ Скопје.

 

Треба да знаете
Последни објави