Дибиров меѓу првите пет стрелци во ЛШ

По три одиграни кола во машката ракометна Лига на шампионите, Вардар, ПСЖ и Алборг се единствените екипи кои имаат максимален скор од групите А и Б. Актуелниот европскиот првак на патот кон одбрана на трофејот тргна со гостински победи над Монпеље и Мотор Запорожје, а пред своите гледачи го совлада Порто.

Главни двигатели на играта на „црвено-црните“ се Тимур Дибиров и Данис Кристопанс.

Рускиот репрезентативец Дибиров на дуелот со Мотор постигна девет гола и со вкупно 20 погодици се најде меѓу петте најдобри стрелци по првите три кола. Дибиров е на делба на третото место со Амине Банур од Динамо Букурешт и Јакобсен од ГОГ. Првите две позиции им припаѓаат на Бартолд од Алборг и Радивојевиќ (Пик Сегед).

Треба да знаете
Последни објави