Search

Адвокатот на Трамп, Руди Џулијани, мора да ја предаде снимката од разговорот со Украинците

Три конгресни одбори објавија дека му издале обврзувачка наредба на Руди Џулијани, адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, да им ги предаде снимките како дел од истрагата за евентуалното отповикување на претседателот.

Одборите каде што демократите имаат мнозинство наведуваат дека Џулијани признал на националната телевизија дека побарал од украинската влада да го испита поранешниот потпретседател Џо Бајден.

Барањето Џулијани да ги предаде документите и снимките е чекор понатаму во напорите на демократите да го соборат Трамп.

Трамп го притискаше украинскиот колега Володимир Зеленски од истата причина, според интервјуто откриено минатата недела од страна на свиркач од разузнавачката заедница.

Во исто време, Волстрит журнал известува дека државниот секретар Мајк Помпео учествувал во телефонскиот разговор на Трамп и Зеленски.

Треба да знаете
Последни објави