Џихадисти нападнаа воена база на САД во Сомалија

Група џихадисти нападнаа воена ваза каде припадници на армијата на САД тренираат командоси од Сомалија, јавува Би-би-си.

Локалното население пријавило силни експлозии и пукање кај аеродромот Бејлдогл во близина на регионот Шабел.

Вооружената група ал-Шабаб ја презеде одговорноста за нападот и додаде дека при тоа била користена автомобил-бомба со кој биле разнесени портите пред војниците да упаднат во базата.

Според воени офицери, џихадистите биле спречени во понатамошниот развој на нападот. Ал-Шабаб, пак, велат дека нападот траел подолго време.

„Откако продреле во периметарот на високо обезбедената воена база, муџахедините упаднале во комплексот каде се одвивала жестоката борба“.

Паралелно, италијански воен конвој беше погоден од експлозија во Могадишу, јавува министерството за одбрана на Италија. Засега нема жртви.

Откако Доналд Трамп беше избран за претседател, САД ги зачести воздушните напади врз ал-Шабаб во Могадишу кои се поврзани со ал-Каеда.

Треба да знаете
Последни објави