Search

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нудат само обнова на криминалниот режим

Поднесените кривични пријави против локални функционери на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека опозициската партија останува заглавена во криминалната матрица, изјави за медиуми, Гордан Шутаров од СДММ.

-Се покажува дека ВМРО-ДПМНЕ е центарот на криминал, корупција и неспособност. Ништо не е сменето во белиот дворец зад мене. Од централно па се до локално ниво, ВМРО-ДПМНЕ е посветено на деструкција, лажни вести и одбрана на криминалот. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нудат само обнова на криминалниот режим кога се богатеа неколкумина, а граѓаните тонеа во сиромаштија.Таквите политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се поразени. Граѓаните нема да дозволат враќање во темното минато на криминал, неказнивост и изолација. Граѓаните, државата тргнаа по патот на напредок, развој и интеграција во ЕУ и НАТО, без разлика дали тоа им се допаѓа или не на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, рече Шутаров.

 

 

 

 

 

 

Со почит,

Треба да знаете
Последни објави