Search

СДСМ: Реновирани повеќе клиники и оддели во здравствени установи

Владата предводена од СДСМ останува посветена на развој и унапредување на здравствената заштита и вистинска грижа за лекарите и граѓаните. Водени од целта да обезбедиме поквалитетно здравство, повеќе клиники и оддели во здравствените установи добија значително подобрени услови за работа.

Активностите за реновирање продолжуваат и во периодот кој следува  во кој ќе бидат опфатени уште 34 јавни здравствени установи во државата. Во декември 2018 година, пуштени се во употреба реновираните хируршки сали на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ. Направена е комплетна реконструкција на операционите сали по сите светски стандарди. Целото реновирање изнесуваше над 30 милиони денари, најголем дел од средствата преку Фондот за здравствено осигурување, Министерството за здравство и околу 1.5 милиони денари од донации. Отворен и пуштен во употреба е и новиот Ургентен центар во Општата болница во Куманово, кој обезбедува здравствена заштита граѓаните од кумановскиот регион.

Реновирани се и одделенијата за дигестивна хирургија, Универзитетската Клиника за хематологија каде целосно беше  реновиран Одделот за трансплантација, Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија и одделот за интензивно лекување на Универзитетската клиника за неврохирургија во Скопје. Вакциналниот пункт во поликлиника Чаир е комплетно реновиран и доопремен согласно  стандардите и упатствата на Светската здравствена организација. Во наредниот период ќе се реновираат и останатите вакцинални пунктови при Здравствен дом Скопје. Реновирана е Службата за Итна медицинска помош во Битола и Службата за Итна медицинска помош во Здравствениот дом во Велес. Во итната медицинска служба во Велес изграден е лифт со цел пристапност на лицата со инвалидитет во оваа здравствена установа.

Завршена е првата фаза од реконструкцијата во Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски” во Скопје . Третиот кат каде се сместени одделенијата за детска хирургија и пластична хирургија е целосно реновиран, а  во моментов се реновираат првиот и вториот кат.

80% од градежните зафати од реконструкцијата во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо” во Охрид  се завршени. Паралелно се одвиваат и активности од поголем обем како градењето на новата Клиничка болница во Штип, што е во процес.

Како одговорна партија продолжуваме посветено да работиме на обезбедување на квалитетно здравство и достојни услови за работа. За нас зборот важи. Се грижиме за сите граѓани.

Треба да знаете
Последни објави