Search

Првични резултати од претседателските избори во Авганистан на 17. октомври

Претседателските избори во Авганистан денеска се одржаа во релативно мирна атмосфера, иако неколку помали напади, нискиот одзив и поплаките во врска со системот за гласање ги зголемија стравувањата дека нејасен резултат би можел да ја втурне земјата во уште поголем хаос, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Прелиминарните резултати не се очекуваат пред 17. октомври, а конечните резултати би требало да бидат објавени на 7. ноември.

Ако ниту еден кандидат не добие 51 процент од гласовите, ќе се одржи втор круг на избори за да се избере меѓу двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови.

Талибанските борци нападнаа неколку избирачки места низ земјата во обид да го нарушат изборниот процес, но силните безбедносни мерки спречија појава на масовно насилство, какво што беше забележано на претходните избори.

„Овие избори беа најчисти и најфер во однос на претходните гласања“, рече Хава Алам Нуристани, претседателка на Независната изборна комисија, по завршувањето на гласањето.

Треба да знаете
Последни објави