Search

Нов удар за Пекинг: САД планираат да ги исфрлат кинеските компании од њујоршката берза

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, ја рагледува можноста за елиминација на кинеските компании од листите за котација на американските берзи, пренесе „Блумберг“.

Овие гласини веќе имаат влијание врз пазарот. По објавувањето на статијата на „Блумберг“, акциите на кинеските компании значително се намалија. Конкретно, акциите на „Алибаба“, „Баиду“ и ЈД доживеаја остар пад, пренесе „Ројтерс“.

„Алибаба груп холдинг“ потона за 5,2 проценти, ЈД.ком изгуби 6 отсто, а „Баиду“ 3,7 проценти.

Доналд Трамп, пак, во меѓувреме соопшти дека САД се заинтересирани за склучување на трговски договор со Кина, но дека тој не треба да биде потпишан пред претседателските избори во 2020. година.

Трговската војна меѓу Соединетите држави и Кина започна во 2018 година. Земјите повеќепати преговараа, но тоа не резултираше со договор.

На првиот ден од септември, минута по полноќ, Вашингтон наметна царини на кинеската стока со стапка од 15 проценти. Тоа е првиот пакет царини за кинеска стока која се увезува во Америка, во вредност од околу 300 милијарди долари, додека вториот пакет треба да стапи на сила на 15 декември. Исто така, следниот месец Америка ќе ги зголеми царините за уште еден пакет на кинеска стока од 25 на 30 отсто.

Треба да знаете
Последни објави