Search

Затворските полицијаци се без право на пензија

Продолжува голготата на затворските полицајци кои ги имаат исполнето условите за пензија. И пет месеци од носењето на новиот Закон за извршување на санкции, полицајците кои веќе го завршиле својот работен век, не може да заминат во пензија, објави „АлсатМ“.

Во текстот на Законот не е ставен коефициентот по кој ќе се одредува висината на пензијата која треба да ја добиваат идните пензионери. Ветувањата на надлежните беа дека веднаш по враќањето од годишните одмори, пратениците  ќе изгласаат  измени на Законот и на почетокот од овој месец проблемот ќе биде решен. Сега затворските полицајци се плашат дека до крајот на годинава нема да видат ниту денар од заработената пензија.

За својот проблем ќе го известат и премиерот Зоран Заев. А допис ќе пратат до евроамбасадорот Самуел Жбогар и до сите амбасади во земјава.

-Во Законот убаво си пишува, со завршување на 40 години бенефициран стаж да се оди во пензија, и тоа важи за секое службено овластено лице, вели еден од полицајците.

Целиот текст може да го прочитате на следнот линк „АлсатМ“.

Треба да знаете
Последни објави