Search

Демонстрантите во Хонгконг фрлаа цигли кон владината зграда, полицијата возврати

Демонстрациите одржани во центарот на Хонгконг денеска завршија рано со спорадични судири меѓу демонстрантите кои фрла цигли и молотови коктели кон владините канцеларии, по што полицијата возврати со солзавец и водени топови со цел ги растера.

Во полициското соопштение се наведува дека некои насилни демонстранти го оштетиле имотот пред владината зграда, објави агенцијата АП.

Во судирите бил активиран и камион со водени топови кој прскал со сина течност кон демонстрантите.

Тие пак користеле чадори за да се одбранат, на кратко се повлекле, но потоа повторно дошле пред владината зграда.

Треба да знаете
Последни објави