Search

Во протестите во Хонгконг 29 отсто од уапсените се ученици и студенти

Од уапсените речиси 1.600 лица во протестите во Хонгконг од јуни, 29 проценти се студенти и ученици, соопшти денеска полицијата, повикувајќи ги младите луѓе да тргнат „по вистинскиот пат”, додека овој викенд се подготвуваат големи демонстрации во Хонгконг. Шефот на полициското одделение за односи со јавноста Це Чун Чунг рече дека само овој месец се уапсени 207 ученици и средношколци и покрај почетокот на учебната година, а во јули и август се уапсени 257 лица. Тој додаде дека бројот на тинејџери кои учествуваат во насилни злосторства се зголемува и дека некои веќе се осудени.

– Меѓу нив е 16-годишник обвинет за предизвикување пожар, за што му се заканува доживотен затвор, и девојче од 13 години кое е обвинето за сквернавење на кинеското знаме, но и многу тинејџери се обвинети за напад врз полицајци и поседување оружје, рече Це .Младите во голем број ги предводеа протестите во Хонгконг кои почнаа поради законот за екстрадиција, кој во меѓувреме беше повлечен.

Треба да знаете
Последни објави