Search

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ го уништи здравствениот систем во Македонија

Владата на СДСМ го уништи здравствениот систем во Република Македонија. СДСМ наместо да го подобри здравствениот систем истиот го користи за лично богатење. Откако СДСМ е на власт во здравството владее хаос и секојдневно сме сведоци на скандали и матни тендери.

Клиниките се распаѓаат, а пациенти умираат од болести кои се третираат со едноставни терапии.

СДСМ парите за подобрување на здравството ги пренасочува до фирми блиски до функционерите од врхушката на власт.

Владата на СДСМ направи здравството да стане привилегија само на богатите, а останатите граѓани да не можат да си ги дозволат ниту основните здравствени услуги.

СДСМ уште еднаш покажа дека воопшто не се грижи за здравјето на граѓаните туку единствено што мисли е како побрзо некој од функционерите повеќе ќе се збогати.

Со СДСМ здравството стигна на ниво на клиничка смрт.

Граѓаните заслужуваат модерно и ефикасно здравство. Време е СДСМ и Филипче да си заминат.

Треба да знаете
Последни објави