Search

Без голови на мадридското дерби, Облак го спаси Атлетико

Атлетико и Реал ремизираа без голови во големото мадридско дерби и не ги оправдаа очекувањата на публиката.

Тимот на Симеоне на овој меч немаше сериозна закана кон голот на Куртоа, заврши без ниеден шут во рамки на голот, а Реал беше поконкретен, но и „кралевите“ само еднаш се заканија сериозно.

Бензема во 74. минута фантастично биеше со глава после центаршутот на Начо, но Облак со неверојатна интервенција спречи водство на „кралевите“.

На ремито во Мадрид најмногу се радува Барселона, која по денешната победа фати приклучок со двата тима и има 13 бода. Реал е прв со 15 бода, еден повеќе од Гранада, која ќе гостува кај „кралевите“ во наредното коло. Атлетико е трет со ист број бодови, а ќе гостува кај Ваљадолид.

Треба да знаете
Последни објави