Search

Фер-плеј потег за златен медал на СП во атлетика

На Светското првенство во атлетика кое почна денеска во Доха, публиката можеше да види еден несекојдневен џентлменски потег.

На трката на 5.000 метри, атлетичарот од Гвинеја Бисао, Браима Сункар Дабо, не сакаше зад себе туку-така да го остави повредениот и исцрпен Џонатан Базби од Аруба, па реши да му помогне. Климата во Катар е далеку од идеална за трчање, иако на стадионот има климатизација.

Базби не можеше да стои, но Дабо се жртвуваше и го пренесе ривалот и колега преку целта. Дабо трчаше влечејќи го Базби, па на целта стигнаа со заостанување од 18 минути, но затоа добија заслужени овации. 

Треба да знаете
Последни објави