Search

Општина Аеродром ги надоместува трошоците за чистење оџаци

Општина Аеродром го продолжува  доделувањето субвенции како една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот. Денеска е објавен Јавен повик за надоместување на дел од трошоците за чистење оџаци.  Жителите што ќе реализираат чистење оџак во тековната 2019 година најдоцна до денот на траење на Јавниот повик заклучно со 11 октомври 2019 година, Општината ќе им надомести дел од трошоците направени при чистење оџаци, во висина од 1.000 денари по домаќинство. Jавниот повик ќе трае 15 календарски дена од денот на објавувањето – од 27 септември 2019 година, заклучно со 11 октомври 2019 година, и ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Потребни документи за аплицирање:

  1. 1. Барање за надоместок (барањето може да се подигне во Општина Аеродром или од веб-страницата на Општина Аеродром http://www.aerodrom.gov.mk/vest/2257);
  2. Доказ за жителство на Општина Аеродром;
  3. Фотокопија од важечка лична карта или пасош на барателот;
  4. Фотокопија од трансакциска сметка/ жиро-сметка;
  5. Доказ за правен субјект. Тековна состојба не постара од 6 месеци;
  6. Оригинал потврда за реализирано чистење оџак потпишана од стручното лице што го исчистило оџакот (Потврдата за извршената услуга треба да биде издадена: За физички лица на адреса на која барателот живее, односно истата адреса на живеење што е запишана во личната карта. За правните лица на адреса на деловниот објект на правниот субјект за кој се однесува тековната состојба.);
  7. Оригинал фискална сметка од фирмата регистрирана за дејност чистење оџаци (шифра 81.22 согласно со Националната класификација на дејности).

Документацијата се поднесува во архивата на Општина Аеродром во затворен плик со намена за „Јавен повик за субвенции за чистење оџаци“ со назнака НЕ ОТВОРАЈ.

Треба да знаете
Последни објави