Search

Лекарска комора: Против насилниците во здравство да се презмат наjостри санкции

Лекарската комора алармира дека во последниве два дена се случиле три нциденти на вербално и физичко насилство врз здравствени работници – Градска општа болница „8 септември “-Скопје, Клиничка болница Тетово на интерното одделение и, неофицијлно, во една приватна болница во Скопје.

Лекарската Комора апелира до надлежните органи и институции да ги презмат сите мерки кои им се на располагање и најостро да ги казнат предизвикувачите на ваквите инциденти.

Од Комората додаваат дека и во наредниот период ќе продолжат со активности, со цел да се стави крај на насилството во здравството кое во последно време зема замав затоа што сосотојбите стануваат алармантни.

Треба да знаете
Последни објави